Од трите милијарди евра макроекономска асистенција предвидена за земјите од соседството на ЕУ, Европската Комисија денеска испраќа 80 милиони за Македонија, 50 милиони за Косово, 30 милиони за Црна Гора, како и 300 милиони за Тунис.
Еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони, ја поздрави веста како „конкретен чекор напред“ во борбата против Ковид-19 и неговите последици и вети дека ЕУ останува посветена да им помага на своите соседи во овие тешки времиња.
За Македонија ова е втората и последна транша од предвидените 160 милиони евра макроекономска помош.
Европската Комисија информираше дека земјата ги исполнила условите за ослободување на последната транша, овие услови вклучуваат зајакнување на фискалното владеење и транспарентност, борбата против корупцијата, подобрување на супервизијата во финансискиот сектор како и на бизнис климата и справување со невработеноста на младите.