Вредноста на оваа пратка е 85 милиони долари. Во април годинава успешно извезовме 176,5 килограми сув цвет во Европа, соопшти компанијата. Нема информација за тоа кој е увозникот.

– Веруваме дека ова е една од најголемите испораки на медицински канабис и ова е значајна пресвртница за нашиот бизнис. Откако ја докажавме нашата способност да ги исполниме строгите барања за испорака со нашата априлска пратка, успешно ја обезбедивме големата продажба на остатокот од нашата жетва во 2021 година, која опфаќа нешто повеќе од 2.000 килограми ТХЦ и 6.500 килограми ЦБД сув цвет. За оваа пратка изнајмен е авион за транспорт до Македонија, вели извршниот директор на Хајлендс инвестментс Марк Корбет.

Испораката на канабис е многу сложен процес бидејќи индустријата е внимателно следена и регулирана. И снабдувачот и примачот на производи од канабис треба да бидат лиценцирани. Превозните компании, исто така, бараат строго лиценцирање за преместување на суровини и материјали од канабис од држава во држава, пишува Канабислорипорт.