Од денеска земјава повторно во портокалова фаза. Температурите ќе се искачат и до 40-от степен. УВ-индексот ќе биде на највисоко ниво. Лекарите со препорака да не се излегува во критичниот период од 10 до 17 часот, да се пијат повеќе течности, да се јаде лесна храна и да се носи светла облека.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб, а долж Повардарието и во источните делови повремено умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.