Избраниците на Игор Ангеловски, сепак, покажаа одлична игра на теренот, а хајлајт на мечот за нас беше 28-мата минута кога капитенот Горан Пандев го постигна неговиот 38-ми гол од 120 настапи во националниот дрес.

Првиот гол на Националната Арена во Букурешт го постигна Австрија и тоа во 18 минута преку Стефан Лаинер. Во 78-мата минута, Австрија со голот на Грегорич поведе со 2:1, а конечниот резултат го донесе Арнаутовиќ во последната минута од натпреварот.

Наредна шанса по постигнатиот историски гол, да дојдат и до првите бодови на ЕП, фудбалерите ќе ја имаат за четири дена исто така во Букурешт против Украина.