Хрватската полиција уапси Македонец кој криумчарел 25 мигранти.

Осомничениот шверцер утрово бил спречен од полицијата. Тој бил зад воланот на комбе во кое имало 25 странци кои илегално влегле во Хрватска.

„Утврдено е дека постои основано сомнение дека 51-годишниот од личен интерес им помагал на странски државјани при незаконско движење, по претходен договор тој ги презел со возило, откако нелегално влегле територијата на Хрватска пешки“, објавија од полицијата.

Информираат дека полицијата постапувала со странските државјани согласно Законот за странци, додека 51-годишниот со кривична пријава е предаден на надзорникот на притворот.