Македонскиот државјанин Б.Л. (54) починал откако доживеал срцев удар додека се наоѓал во притвор во албанскиот град Валона. Според првичните информации од албанските медиуми, тој имал здравствени проблеми и бил пренесен во Регионалната болница во Валона. Лекарите не успеале да го спасат неговиот живот. Надлежните органи во Албанија преземаат дејствија за утврдување на сите околности околу случајот. Македонскиот државјанин бил уапсен на 25 април во Валона. Според албанската полиција, тој имал изнајмено стан во кој биле пронајдени кокаин, марихуана, електронска вага и мобилни телефони. Во истата акција биле уапсени и двајца албански државјани.