Во конкуренција на 600 патенти од 19 држави од сите континенти и 34 региони, кои добиле право да учествуваат на овогодинешниот саем, нашите претставници освоија повеќе награди меѓу кои два Златни медали од стручното жири, информираат од Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија – НАПМ.
Драган Јованов за неговиот патент „Агрофито тоник“ е добитник на Златен медал (од стручното жири), Пехар за најуспешен млад научник од областа и Златен медал (специјална награда од партнерот на саемот).
Борис Дескоски за неговиот патент „Електронски стап за слепи лица“ е добитник на Златен медал (од стручното жири) и Златен медал од сојузот на пронаоѓачи од Руска Федерација (Севастопол).
Нашите претставници, се вели во соопштението, добиле и повеке специјални награди (дипломи) од престижни руски универзитети, додека нивните патенти предизвикале голем интерес кај посетителите, и стручните фели.