Според Бектеши, условите се исполнети за тоа со започнувањето на масовната имунизација денеска во Македонија.
– Од утре сите институции ќе стапат во преговори со сите наши соседи за признавање на ПЦР-тестовите и тестовите за антитела. Што се однесува до мојот коментар за домашните туристи, стратегијата на Владата го обврзува Министерството за економија да го поттикнува и да се направат програми за негова поддршка. Заедно со поддршка од Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи, реков кога ќе започне имунизацијата, ние истовремено ќе ги започнеме преговорите за заемно признавање на ковид-пасошите, рече министерот.
Сепак Бектеши рече дека прво Министерството за здравство треба да ги даде насоките, а потоа неговиот ресор ќе се надоврзе со потребните билатерални преговори за туристичката сезона.