По три одиграни кола, три селекции во групата Д завршија со ефект од две победи и еден пораз, а во „триаголникот“ со селекциите на Швајцарија и Луксембург, „црвено – жолтите“ имаат втор најдобар резултат, доволен за пласман во полуфиналето.
Утре е слободен ден на „Челенџ“ купот во Шопрон. Во полуфиналето македонската репрезентација ќе игра против подобриот од средбата Унгарија – Белорусија.