Бараж во мај за место на Светското првенство

Македонска ракометна репрезентација во мај ќе игра бараж-двомеч за пласман на Светско првенство во ракомет 2027, кое ќе се одржи во Германија во јануари 2027 година. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде победникот од дуелот меѓу Украина и Словачка, пренсе МакСпорт.

Фаворитска улога и можност за „Шешир 2“

Без оглед на конечниот противник, избраниците на Кирил Лазаров ќе влезат како фаворити во баражот. Доколку Македонија избори пласман, ќе се најде во вториот шешир на ждрепката, што отвора можност за поповолна група и надеж за значаен резултат на шампионатот во Германија.

Шанса за олимписки квалификации

Светското првенство во Германија има и квалификациски карактер за следните Олимписки игри, поради што добар пласман ќе биде од клучно значење за Македонија повторно да се најде во трка за олимписки настап. Досега репрезентацијата настапуваше во олимписки квалификации во Гетеборг во 2012 и во Полска во 2016 година. Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи во јуни, во Минхен.