Со сет закони кои по скратена постапка ќе се расправа во Собранието на Северна Македонија, се менува начинот на експропријација на земјиштето, но се воведува и подолга работна недела која може да трае до 72 часа, пренесува Aljazeera Balkans.

Овие закони, доколку не се усвои барањето на синдикатот за нивно отфрлање, ќе се применуваат и за изградба на два автопатски коридори.

Сојузот на синдикати на Македонија ССМ соопшти дека Светската конфедерација на синдикати (ИТУК („ИТУЦ) го поддржува барањето на македонските синдикати, Владата да ги повлеќе, како што велат, опасните измени на Законот за работни односи, по скратена постапка со кои се зголемува работното време до 60 или дури до 72 часа неделно.

– На 8 мај, Владата поднесе предлог-измени на трудовото законодавство до Собранието на Северна Македонија, со намера да се користи брза парламентарна процедура за донесување на измените во закон. Доколку биде усвоен, законот ќе им овозможи на работодавачите да го зголемат работното време до 60 или дури 72 часа неделно во сите седум дена. Странските актери од приватниот сектор се осомничени дека вршеле притисок врз Владата да ги направи промените, кои се спротивни на меѓународните работнички стандарди, пишува во соопштението од ИТУК, што го пренесува ССМ.