По воведните триумфи над Косово (3:0) и Андора (3:0), и поразот од Сан Марино (1:2). македонските тенисери во завршниот натпревар од групата Б во Четвртата европска дивизија во Дејвис купот, триумфираа на терените на ТК „Југ“ во Скопје над Молдавија со 2:1.
Калин Ивановски со 2:0 во сетови (6:1, 6:1) го совлада Андреј Горбан, додека Горазд Србљак, исто така, со максимални 2:0 во сетови и еден препуштен гем (6:1, 6:0) беше подобар од Максим Казак.
Во последниот трет меч во двојки, Обрад Марковски и Стефан Мицов поведоа со 1:0, а при водство на противникот со 3:1 во вториот сет, го предадоа дуелот.
Пласман во Третата европска дивизија во Дејвис купот од групата Б обезбеди и Молдавија, додека Црна Гора и Ерменија изборија промоција од групата А.