Вечерва е свечената церемонија на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз, свечено отварање кое се одржува на реката Сена каде мина и македонската делегација.
Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развиорија македонското знаме на бродот на кој беа и спортистите од Луксембург и Мадагаскар.
Само за потсетување освен Ивановски и Релјик кои ќе не претставуваат во атлетика и таеквондо, ги имаме уште борачот Владимир Егоров, џудистот Еди Шерифовски, пливачот Никола Ѓуретановиќ и Анастасија Мојсовска во дисциплината спортско стрелаштво.
Извор: Дерби