Франција мора да вакцинира „наутро, напладне и навечер“. Ова го побара претседателот на таа ржава Емануел Макрон, кој беше критикуван за бавната кампања за имунизација против коронавирусот.
– Ќе го промениме темпото од април, нагласи Макрон за време на посетата на центарот за вакцинација во северниот град Валенсиен, додавајќи дека „не треба да има викенд или слободен ден кога станува збор за имунизација“.
До денес се дадени 8,8 милиони дози, во споредба со повеќе од 30 милиони во Велика Британија и скоро 11 милиони во Германија. Властите воведоа делумна блокада минатиот викенд. Министерот за здравство Оливие Веран најави дека армијата ќе отвори 35 центри за масовна вакцинација.