Пилот и патник кои со часови беа заглавени во авион кој се урна врз далековод во округот Монтгомери, во американската сојузна држава Мериленд, се спасени, изјави шефот на противпожарната и спасувачка служба во областа, Скот Голдштајн.
Двајцата се хоспитализирани со тешки повреди, додаде тој.
Кога спасувачките екипи пристигнале на лице место, затекнале мал авион кој висел на околу 30 метри во воздух по ударот во далеководот, соопштија официјални лица, пренесува „Би-Би-Си“.