Вчера во раните ноќни часови во населбата Шуто Оризари била нападната малолетна девојка. Случајот го пријавил нејзиниот татко, а СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
На 21.09.2021 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Б.(41) од Скопје пријавил дека на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка била физички нападната од 16- годишен малолетник.