Полицијата лиши од слобода осомничени по пријава за физички напад

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 22:20 часот лишиле од слобода осум лица на подрачјето на Центар во Скопје. Меѓу приведените се Р.М. (19), Ј.А. (18), М.Ј. (24), Е.А. (19), Н.Ј. (38) и тројца малолетници на возраст од 17 години, сите од Скопје.

Приведувањето следело по претходна пријава за физички напад што се случил околу 21:30 часот.

Според информациите, лицата се сомничат дека физички ги нападнале Д.М. (22) и нејзиниот сопруг Р.Р. Во моментот на нападот, со нив биле и нивните две малолетни деца.

Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.