Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која не нарече “северномакедонци”, напротив соработува со нашите негатори, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче скоро две недели наоѓа изговори и не го осудува недостоинствениот говор на бугарската министерка Петрова Чамова која не нарече “северномакедонци”, Филипче дури и се гордее на тие успеси со кои ја потчинија државата пред останатите, додаде тој во изјавата.

„Венко Филипче не се огради ни од изјавите на неговиот член на ИО Рубин Земон кој за Гоце Делчев рече дека е мит и дека не направил ништо за Македонија.

Со ваквите мекотелни политики, Филипче им дава простор на бугарските власти да не уценуваат и да велат дека има мала група на политичари во Македонија која ќе им ги исполни нивните барања.

Филипче и натаму останува лојален кон Бугарија, од причини само него познати. Но, добро е да каже дека тие причини се уцена од група бугарски политичари поради неговото криминално минато со Зоран Заев“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче да престане со политиката на негирање на Македонија и да не води мекотелна политика. Македонија има своја историја, култура, идентитет и јазик, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи преговарање за овие теми, потенцира Манасиевски.