Предвидено е во Анкара министерот да одржи работен состанок со својот турски колега Абдулхамит Ѓул, на кој ќе се разговара за меѓусебната соработка во секторот правда, со фокус на претстојната дигитализација на македонските судови.

Маричиќ и делегацијата на Министерството за правда ќе го посетат и Советот на судии и обвинители, Академијата за праводство на Турција како и Генералниот директорат за информатичка технологија.

Посетата е во функција на размена на искуство во процесот на воведување на софистицирана информатичка технологија во судовите, имајќи предвид дека Македонија влегува во овој процес во кој е предвидено целосно да се дигитализираат над 100 судови.