Марин Ле Пен, лидерката на француската крајна десница, ќе поднесе жалба на одлуката на судот. Таа е осудена на четири години затвор, од кои две години се условна казна, соопшти нејзиниот адвокат.

Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера – неизвесна политичка иднина

Покрај затворската казна, судот ѝ изрече и петгодишна забрана за вршење јавна функција, како и парична казна во висина од 100.000 евра.

Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови. Нејзиниот правен тим ја оспорува пресудата, нарекувајќи ја „удар за демократијата“.

– Марин Ле Пен ќе продолжи да се бори – изјави портпаролот на нејзината партија „Национален собир“.

Оваа пресуда доаѓа во пресрет на претседателските избори во Франција, закажани за 2027 година, каде што Ле Пен се смета за еден од главните фаворити.

Извор: Република