Пандев со капитенската лента ја предводеше македонската репрезентација на историскиот настап на Европските првенства и по елиминацијата во групната фаза стави крај на дведецениската репрезентативната кариера.

– Неговиот тим на дебитантскиот настап можеби беше првата репрезентација која доживеа елиминација на ЕУРО2020, но Пандев остави белег во голем стил. Со голот што го постигна во поразот од Австрија (3:1) стана вториот највозрасен стрелец со 37 години и 321 денови во историјата на завршните турнири. Пандев, исто така, го изнуди пеналот што претходеше на голот на (Езѓан) Алиоски во поразот од Украина (2:1), а на натпреварот против Холандија (3:0) соиграчиte со шпалир го одбележаа неговото збогување со националниот тим. Стави крај на репрезентативната кариера со 122 настапи и 38 постигнати голови, објави денеска шпанскиот весник во посебниот осврт на настапите на Пандев на Европското првенство.

Во изборот на 16-те фудбалери на „Марка“ што го предводи доскорешниот македонски капитен се најдоа и Рахим Стерлинг, од Англија, Били Гилмур од Шкотска, Јоел Похјанпало од Финска, Патрик Шик од Чешка, Дензел Думфрис од Холандија, Мануел Локатели од Италија, Микел Дамсгард од Данска, Ромелу Лукаку од Белгија, Емил Форсберг од Шведска, Давид Алаба од Австрија, Робин Госенс од Германија, Атила Салаи од Унгарија, Џеорџино Вајналдум од Холандија, Лука Модриќ од Хрватска и Кристијано Роналдо од Португалија.