Период на претежно стабилно и топло време со појава на изолирана нестабилност во попладневните часови, прогнозира Управата за хидтрометеоролошки работи.

УХМР за денеска и за утре попладне најавува услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Времето претпладнево е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од
западен и северозападен правец.

Максималната температура е во интервал од 24 до 31 степен, а вредноста на УВ-индексот е 8.

Во Скопје е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура во главниот град е 28 степени.