-Ако вие имате прогласено електро енергетска криза пандан на тоа може да прогласите и гасна криза. Затоа што гасот е енергенс кој што го немаме дома. Па прогласувајќи ја таквата криза постојат 1001 начин на механизми со кои што може да се надмине тоа, истакна Елена Маркова Велинова, претседател на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“.
Маркова Велинова додаде дека е многу доцна 10 дена по новата цена на парното граѓаните да седат без греење и да се дебатира дека БЕГ е во загуба.
-Регулаторот е тој кој што уште пред да ја формира оваа цена требаше константно да ја известува Владата што ќе се случи. Вакви крахови и големи проблеми што ги имаме, не може регулаторот да седи и на прес конференција да се обраќа, појасни Маркова Велинова.
Маркова Велинова посочи дека треба РЕК треба константно да врши мониторинг.