Штрајкот на вработените во Управата за водење на матични книги денеска се сели пред Министерството за финансии.
Независниот синдикат на матичарите при Конфедерацијата на синдикални организации најавува дека ќе го реализира најавениот протест пред ова министерство откако помина рокот во кој оттаму очекуваше одговор дали ќе има финансиски средства за реализација на барањата.
Синдикатот претходно ги усогласи барањата со ресорното Миниастерство за правда и чекаше виза за нив од Министерството за финансии. Барањата се однесуваат на зголемување на платите, потпишување нов колективен договор со кој се предвидени отпремнини, исплата на К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата,а се бара и признавање на звањата на постарите вработени.
-Ние подолг период бараме да имаме средба, но немаме и ќе протестираме. Ако немаме средба, ќе ги радикализираме чекорите. Апелирам да смогнат сили и да седнеме на заедничка маса да најдеме решение за овој проблем што го имаат вработените, изјави Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации.