Надлежните велат – се е подготвено, но, дали се научија лекциите од изминатиов викенд? Очекуваат да проработи свеста кај матурантите и кај тестаторите. Едните сериозно да ги сфатат последиците од препишувањето, а другите да ги зајакнат контролите за да не се повтори ланското сценарио кога беа откриени 3 илјади ученици како прават препис на тестот по англиски. Институциите завршија со координација. Дел од мерките и паѓање на матурскиот испит и поголема контрола на социјалните мрежи, во случај да не се појави нова вибер-група, но овој пат со тестот по англиски.
Од Младинскиот образовен форум велат – потфрлија и институциите. Нивниот став е дека државната матура треба да претрпи реформа, препишувањето е резултат на застарениот модел.
Извор: МРТ