Една од забелешките кои ги пренеле оценувачите за испитите по странски јазици е дека голем број ученици пишувале цели текстови или делови од текстови презмени од интернет. Наумовска претпоставува дека учениците ги учеле напамет.
Секој тест на матурантите го проверуваа 3 независни оценувачи. Тие имаат можност, особено за странските јазици преку компјутер да ги проверуваат податоците, особено есеите, посочи Наумовска.
-Препишувањето, копирањето на цели текстови од интернет, особено на англиски јазик не е дозволено и тука оценувачите беа строги во оценките, забележа таа.