Пратеничката Маја Морачанин од ДОМ изјави:

-Текстот на драфт-резолуцијата генерално за нас е прифатлив. Секако останува овој текст отворен за дополнување, корекции, се разбира треба да се усогласи со уставниото име на државата

Нејзини очекувања се дека за еден ваков документ би требало да има широк консензус, потсетувајќи дека и политичките партии и граѓаните имаат ист став за идентитетските прашања.

Овој став го дели и пратеничката од ЛДП Моника Зајкова.

-Ни беше презентиран истиот текст што вчера беше споделен со медиумите. За нас драфт – резолуцијата е прифатлива, имавме забелешки само во делот каде што треба да се усогласи уставното име. Собранието треба да биде обединето околу ова прашање, изјави пратеничката Зајкова.