Средовечен маж од село Руѓинце, општина Старо Нагоричане е пронајден мртов во неговиот дом. Полицијата констатирала дека настанал пожар, а лекарите дека смртта настапила без траги на насилство, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 15:43 часот во СВР Куманово било пријавено дека во домот во село Руѓинце, општина Старо Нагоричане, бил пронајден починат Л.С.(61). По овластување на јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека собата била исчадена, а починатиот бил пронајден изгорен во креветот од пожар кој настанал од неизгасена цигара. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти СВР Куманово.

По наредба на обвинителот, телото на починатиот било дадено на семејството.