На 27.08.2023 околу 16.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на плажата „Свети Наум“ од водите на Охридското езеро без знаци на живот бил изваден А.М.(65) од Р.Албанија.
Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.