Шеесет и шест годишно лице попладнево е пронајдено без знаци на живот во водите на Охридското Езеро во близина на автокампот „Ас“ кај Струга.

Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека телото било забележано од капачите на плажата.

Според првичните информации на телото на починатиот немало траги на насилство.

Екипа на Струшката брза помош интервенирала на лице место, при што, како што посочија, лицето немало знаци за живот.

Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител и медицински тим.