Маж на возраст од 57 години од Скопје ноќеска бил пронајден починат. Неговото тело било пронајдено покрај опожарено товарно возило со приколка на автопатот Велес-Скопје, во близина на локацијата „Пуста кула“. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според официјалните информации, на 15 март 2025 година во 00:45 часот, СВР Велес добило пријава за пожар на товарно возило „Мерцедес“ со приколка, со скопски регистарски ознаки. Во непосредна близина на возилото бил пронајден починатиот Н.В. (57) од Скопје.

ТРАГЕДИЈА: Пронајден починат маж кој од мост паднал во Треска

На местото на настанот веднаш интервенирала екипа на Итната медицинска помош од Велес, чии лекари констатирале смрт без видливи траги на насилство. Пожарот бил локализиран и изгаснат од припадниците на Територијалната противпожарна единица Велес.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, а телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта. Истражните органи работат на расветлување на околностите околу трагичниот настан.

Извор: Република