Денеска (27.09.2026) во 03:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, 43-годишен маж од Скопје со остар предмет упатувал закани кон неговата сопруга.
Лицето е сместено во здравствена установа.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
