Од таксито кон полицајците биле испукани неколку истрели. Еден од полицајците од здобиените рани починал, додека другиот е тешко повреден.
„Во таксито имало странски државјани, кои пукале во сообраќајната полиција“, изјави за Регионалната информативна новинска агенција (РИНА) извор запознаен со случајот.
„Според првите информации од терен, во таа пресметка еден полицаец починал од здобиените повреди, додека друг припадник на полицијата се здобил со тешки физички повреди, но е во стабилна состојба“, додаде изворот.
Едниот од осомничените наводно бил приведен на местото на настанот, а по другиот интензивно се трага. Во потрагата се вклучени и полициски хеликоптери.
На терен голем број припадници на српското МВР работат на расветлување на целиот случај.