Италијанската влада денеска вети поддршка за Киев и ја повтори својата посветеност за постигнување праведен мир за Украина, беше соопштено по телефонскиот разговор меѓу италијанската премиерка Џорџа Мелони и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„За време на разговорот, Мелони ја повтори целосната поддршка на италијанската влада на Киев на политичко, воено, економско и хуманитарно поле, за поправка на енергетската инфраструктура и за идната реконструкција на Украина“, се наведува во соопштението.