Фридрих Мерц е нов канцелар на Германија откако на второто гласање во Бундестагот го доби потребното мнозинство.
За мнозинство му беа потребни 316 од вкупно 630 пратеници, а Мерц е избран со 325 гласови.
Мерц е првиот кандидат за канцелар кој не беше изгласан на првото гласање во повоената германска историја.
Пропадна првиот обид за избор на Фридрих Мерц за канцелар на Германија
Неговата нова коалиција има 328 места. На првото гласање Мерц доби поддршка од само 310 пратеници, шест гласа помалку од потребното мнозинство.
Мерц ќе го замени Олаф Шолц, чија трипартитна коалиција се распадна во ноември минатата година. Поради што беа организирани предвремени парламентарни избори. По неколкунеделни преговори, конзервативците и СПД склучија коалициски договор што беше одобрен од сите три партии и вчера беше формално потпишан во Берлин
Лидер на конзервативците од ЦДУ/ЦСУ, Мерц е 10. канцелар на Германија по Втората светска војна.