Сите оние кои ги добиваат на картичка, ќе можат да располагаат со парите од 26 април (понеделник) додека готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе биде во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2021 година (понеделник);
-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2021 година (вторник);
-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2021 година (среда); и
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток)