Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски на прес-конференцијата предмалку во Собранието, заедно со сите пратеници рече дека не отстапувааат од овој став, денеска да се гласа само за петтиот пакет антикризни закони.  Мицевски потенцираше дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието и ќе бидат во салата на 36-та седница, но не и на претходната.

-Овие закони можеа да бидат донесени уште во четвртокот, но поради тврдоглавоста и инаетот н власта тоа не се случи, рече Мицевски.

Откако пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска се пофали дека иако е позитивна на корона ќе дојде во Собрание да ги гласа законите Мицевски рече дека таков протокол не постои и дека тоа значи дека ќе го пратениците ќе го прекршат законот и ќе го загрозат јавното здравје. Обвини дека владеачкото мнозинство води борба за медиумско внимание.

Таков протокол не постои, барем ние досега немаме видено, меѓутоа, во државата постои законска регулатива којашто важи за сите граѓани во којшто спаѓаат и пратениците. Очекувам дека нема да се дрзнат да го загрозат здравјето и безбедноста на граѓаните. Владеачкото мнозинство води борба за медиумско внимание, на сметка на граѓаните кои не примиле помош. Како да ги убедиме граѓаните да ги почитуваат мерките, кога пратениците од СДМС и ДУИ ги кршат и мерките и законите за да ги задоволат апетитите на нивниот пи-ар“, рече Мицевски.

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска, позитивна на коронавирус, пристигна во скафандер во Собранието за да учествува во работата на 36. пленарна седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет мерки.

Таа пристигнала со возило на Брза помош која како што велат од СДСМ самата си го платила.