Тој појасни дека петтиот пакет на мерки којшто како што рече не е доволен и не ги опфаќа сите категории на граѓани, затоа има протести секојдневно.
– Петтиот пакет на мерки на Влада им помина на 16 февруари. Законските решенија, трите закони коишто влегуваат во петтиот пакет во Собрание стигнаа на 19 февруари и до вчера, до денот на изгласувањето поминаа два месеци. Првпат на седница беа закажани за 21 март, тие веа повеќе од месец дена стигнати во Собрание, но не беа ставени на пленарна седница. Тоа се процедури, претседателот на Собранието решавца на кои седници ќе стават кои законски решенија. Ја разбирам потребата зошто се каснеше, немаа пари. Ја чекаа еврообрзницата од 700 милиони евра, за да можат дел од тие минимални средства да ги изплатат на граѓаните, појасни Мицевски.
Тој додаде дека посочените три законски решенија биле ставени на седница со повеќе законски решенија.
– Јас како координатор на пратеничка група побарав да се одвојат пакетот мерки и закони од другите за да се забрза процедурата. Во меѓувреме имаме целосна блокада на Собранието од страна на Алијанса и Алтернатива на сите законски решениија меѓу кои и овие, поттикнато од нивното нерешавање на проблемот на Законот за државјанство. За нас ова законско решение не беше прифатливо какво што е и поднесовме 500 амандмани. СДСМ се изјасни дека ваков закон каков што е не може да се поправи амандмански и затоа ќе гласаат против. Левица исто така беше против, така да имаа некоја бројка од прилика од 80-тина пратеници коишто беа против ова законско решение, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицевски објасни во што е блокадата на партијата.
– Гледајќи дека е заглавен петтиот пакет на мерки, ВМРО-ДПМНЕ предлага да се повлечат 500-те амандмани со цел на знак на добра волја Алијанса и Алтернатива да ги одблокираат овие законски решенија и тоа се случи. Дента кога беа повлечени амандманите од страна на Алијанса и Алтернатива, ВМРО-ДПМНЕ во утринските часови во средата закажа Комисија за финансирање и буџет којашто ја води Тимчо Муцински и експресно тие закони поминаа. Имавме 17 амандмани коишто опфаќаа три столба за парите да бидат неповратни, да бидат опфатени други групи коишто не се вметнати во нив, сите беа одбиени. Меѓутоа, во насока да се добијат и оние малку средства оставивме да поминат така законските решенија. Средата ние можевме веќе 12:15 да имаме седница на којашто ќе бидат само овие законски мерки. Господинот џафери, пленарната седница закажана за тој ден ја закажа во 12 часот, ја почна во 12:30 часот и во 13 часот не информираше дека администрацијата треба да оди да се вакцинира и завршуваме со работа. Во попладневните часови имавме заедничка координација со претседателот на Собранието, побарав на таа координација веќе во текот на утрешниот ден да биде закажана оваа пленарна седница. Господинот Џафери рече дека до петок нема да има седница, затоа што тековна беше 32. седница. И тоа не е спорно. Во четвртокот додека се одвиваше 32. седница влезе со некое нерационално барање, да завршиме со 32. седница, да ги изгласаме законите од 32. седница иако неаа кворум и да продолжиме после 18 часот со 36. седница. Наш приоритет беше дека барањето на граѓаните е најбитно, додаде тој.
Според него, очигледно имало некој план да се како што има самиот рече „медиумски да ја напумпаат јавноста“, дека се кочи петтиот пакет мерки, за да може да се скршат и Уставот и законите и Деловникот на Собранието и да донесат позитивни луѓе во собранието.