Недозволиво е јас како координатор на пратеничка група со 44 пратеници, една третина од Парламентот да разбирам основни информации од медиумите и она што се случува на лице место. Можеби некогаш е подобро да заглавиме ден – два повеќе во Собранието меѓутоа после со испеглани ставови, и власт и опозиција да излеземе и таа работа која што ќе ја договориме да ја тераме на тој начин. Да, тоа значи малку удари на власта, но власта посебно во овој момент и премиерот Ковачевски не се во толку комотна ситуација за да можат да решаваат во име на цел еден македонски народ без да информираат опозиција која што има 44 пратеници и на последните локални избори како што рековте поддршка од 44 градоначалници, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во „Утрински Брифинг“.
Мицевски додаде дека власта има укажано дека ја научиле лекцијата од граѓаните на последните локални избори, но изгледа во пракса се уште не ја научиле лекцијата.
-Добро од власта да дојдат во комисии ресорски за да ги видиме, потегот кој што го бара господинот Антонијо Милошоски како претседател на Комисија за надворешни работи е многу логично. Затоа што прво треба да се информираат пратениците. Таа седница може да биде отворена, но може да биде и затворена. Најмал проблем е каква ќе биде седницата. Меѓутоа потребни се информации. Зошто да не се одржат такви ресорски комисии и министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Николовски да не дојде да информира што уствари преставува тој договор. На крајот од денот пратениците се тие кои што се симнуваат и комуницираат со граѓаните, рече Мицевски.
Мицевски посочи дека пратениците треба да знаат што власта договора со Бугарија.
-Кога ја носевме Резолуцијата тоа беше еден убав документ, добро срочен и внимателно избрани зборови, го понудивме на другите политички партии. И секој сериозно го прифати и тој документ се прифати со консензус и тоа и од македонските политички партии, и од албанските политички партии. Документот се прифати и од власта и од опозицијата. Зошто за такви клучни прашања да не функционираме на тој начин. Не е поентата да брзаме, истакна Мицевски.
Мицевски додаде дека лошо e да се води сета работа од емоции и перцепции.
-Новиот премиер доколку сакаше да го добие целосниот легитимитет тоа можеше да го направи со тоа што ќе побараше предвремени парламентарни избори, рече Мицевски.
-Сега на начинот на кој што се прави избор 100 дена влада Пржинска, па промена на министри, па тоа усогласување повлекува повеќе од 100 дена односно можеби 120-150. Мораме тоа да го скратиме и да се вратиме во уставните рокови, односно 45 до 60 дена за одржување на избори. Ние од страна на СДСМ како најголема владејачка партија во минатото слушнавме дека е согласна да Пржинската влада го надминала времето кое што беше формирана и дека истата повеќе не ја дава функцијата за која што била формирана, нагласи Мицевски.