Задача на Талат Џафери е да постапи согласно член 191 и 192 од Деловникот каде се вели дека комисиите се тие кои донесуваат заклучок дали иницијативата е уредна или не и на крај пленумот донесува закучок кој го испраќаат до Христијан Мицкоски како овластен предлагач, вели кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
Мицевски посочи дека Џафери многу добро ја знае иницијативата и предлогот за референдумско прашање, но во моментов Талат Џафери ова му одговараше да одговори како што би се рекло народски округло па на ќош.
-Не случајно согласно членот 191 и 192 коишто екслицитно кажуваат како ќе оди постапката, а колешката Калеска укажува дека не е така и брани некоја постапка иако знае дека е така. Од таму требаше да се излезе со некој документ, односно со некоја одлука, заклучок, Документ, правен акт врз основа што ние ќе можеме понатаму да превземеме одредени активности, рече Мицевски.
Тој додаде дека вака со ова известување, тие нема каде да се обратат, бидејќи ова е известување кое не требало да стигне од Џафери, во негово име до овластениот предлагач на иницијативата.
-Уставни измени нема да има, од причина што тоа што го зборувавте дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ одат ваму таму, а 44 пратеници се потпишани на иницијативата за ова. Односите во Собранието се многу лоши и во наредниот период со кршењето на процедурите, деловникот, законите и Уставот и ќе треба да размислуваат како ќе функционира Собранието а Талат Џафери има обврска пред целата македонска јавност да објасни како се постави над Уставот и над пленумот, потенцираше Мицевски.