При денешната посета на општина Василево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновите статистики на Еуростат за енергетика истакна дека бројките што Евростат ги објави се немилосрдни и за жал граѓаните во Македонија незнаење на власта го плаќаат многу скапо, граѓаните плаќаат една од трите или четири најскапи цени на електрична енергија кои што ги има во Европа и покрај тоа што нашиот стандард е на дното помеѓу трите најсиромашни држави во Европа.

„Сме го коментирале тоа многу пати во минатото, јас само тука би ја додал онаа парада што ја правеа во РЕК Битола пред неколку дена се сеќавате, за прв пат можеби и во светската политика, се доделуваа пофалници и благодарници поради завршена грејна сезона. Јас кога слушнав дека има некој настан во РЕК Битола помислив да не се отпочнува модернизација некој нов коп, Живојно, некоја нова технологија и така натаму, но тоа да било благодарници поради тоа што била завршена грејната сезона. Не можев помалку да се срамам од нивниот срам, еве бројките се немилосрдни, Еуростат ги објавува, за жал граѓаните во Македонија ова нивно незнаење го плаќаат многу скапо, односно граѓаните го плаќаат една од трите или четирите најскапи цени на електрична енергија кои што ги има во Европа и покрај тоа што нашиот стандард е пак на дното, помеѓу трите најсиромашни држави во Европа но плаќаме електрична енергија како трите најразвиени држави во Европа. Така што ќе дојде набргу време кога за сето ова ќе се поднесе сметка, јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, за да не биде после тоа не сме кажале. Да не биде после тоа лелекање, да не биде после тоа плачење, еве да знаат дека за сето ова еден ден ќе дојде, а тој ден доаѓа, секој ден сме поблиску до тој ден, ќе се сведат сметките за да не биде после не кажавте. Затоа треба многу да се внимава како се однесуваат овие последни неколку месеци затоа што колку побргу заминат, колку побргу се случат тие парламентарни избори, толку побезболен ќе биде нивниот пат, колку повеќе одолговлекуваат толку поголема ќе биде казната на народот но и одговорноста пред законите. Ги предупредувам и вработените да не подлегнуваат на притисоци од оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, затоа што знам и слушам дека голем дел од луѓето што работат во државна администрација се под притисоци да го потпишуваат да го ратификуваат криминалот на оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, ги предупредувам да одбиваат таква работа затоа што секој изминат ден сме поблиску до падот на оваа влада а ќе повторам со падот доаѓа и одговорноста и таа одговорност е по вертикала, ги предупредувам и ги замолувам да не ги прифаќаат овие барања од страна на овие политички криминалци и насилници“ , истакна Мицкоски.