Секој оној што работи чесно, вредно, посветено, има реализирани проекти, исполнува реформи, тоа е вистинскиот патриот за Македонија бидејќи економски стабилна и силна држава е патриотски јака и стабилна Македонија. Денес тоа е правецот и тоа е концептот – Македонија за сите луѓе – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибина во Прилеп на која се промовираа нови политики од концептот Македонија за сите луѓе.
Мицкоски истакна дека вториот проект е воведување на дигитализација на општините, додавајќи дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на време за граѓаните да чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите.
Втората работа за којашто исто така сакам да зборувам, а за која делумно даде вовед и професорот Велинов, тоа е целосна дигитализација во општината. Денес се случува со месеци и со години да се чека документ, некакво решение или некаква одлука. Со концептот на целосна дигитализирање во општината или дигитална моја општина, тие месеци и години ќе се скратат во денови. Нема повеќе уцени, нема повеќе злоупотреби, процесот ќе биде отчетен и транспарентен за да може секој граѓанин да го оствари своето право во општината за неколку дена, да не чека со месеци и со години, тоа е проектот „Мојата целосно дигитализирана општина – истакна Мицкоски.