Честитки за победата! Македонските ракометари уште еднаш ја покажаа својата сила, упорност и сплотеност на теренот, им пиша премиерот Христијан Мицкоски на македонските ракометари по победата над Катар.

-Со вашата борбеност и срце оставено на терен, ја израдувавте целата нација. Вие сте гордост на Македонија! Продолжете да нѐ правите сите горди, истакна Мицкоски.