Мицкоски истакна дека тој е професор, додека Заев е обичен продавач на лажните надежи на македонските интереси.
Престанете со глупостите на Заев дека сите сме исти, јас не сум ист како Заев. Јас сум професор, не сум човек полн со криминал, предавства и срам коишто Заев ги направи изминатите 4-5 години во Македонија и изминатите 15-16 години во Струмица. Вие, Зоран Заев сте обичен продавач на лажни надежи на нашите македонски интереси. Не сте економист, туку сте шиткач на нашите интереси – потенцираше Мицкоски.