Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, преку Фејсбук ѝ порача на власта дека порано или подоцна – одговорност ќе има. Одговорност за лагата дека вакцините пристигнуваат, за кинеските провизии, како и за секој загубен живот во пандемијата.

– Разбиена уште една владина лага. Нема договор со Фајзер, а има провизии за кинески вакцини.
Тоа што сте неспособни сите знаеме, ама тоа што ги лажете граѓаните, луѓе животи губеа и губат, голем дел трауми ќе носат со себе цел живот, ви ветувам дека ќе има одговорност. Порано или подоцна. Подгответе се, порача Мицкоски.

https://press24.mk/filipche-prizna-nemame-dogovor-so-fajzer

Обновено. Разбиена уште една владина лага. Нема договор со…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, March 19, 2021