Министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска испрати соопштение во врска со градежните активности на објектот ресторан – дискотека „Парк“, Охрид.

– Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини. Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното наследство, соопшти Стефоска.