– Ако некој неред прави во државата за овие четири години, тоа е оваа корумпирана и криминална Влада на СДСМ предводена од Зоран Заев. Ако некој создава неред, ако некој денеска практично македонизира пола балканско нарко подземје тоа е СДСМ предводено од Зоран Заев и министерот Спасовски кој што во тој момент се наоѓа таму каде што се наоѓа. Ако некој денеска е рекордер по број на заболени и инфицирани од КОВИД пандемијата и луѓе кои што го загубиле својот живот тоа е Владата на Зоран Заев и ресорниот министер во министерството за здравство. И можам уште многу работи да велам, тука е и дебаклот во економијата, ако некој денеска ја уништува и девстира и враќа назад Македонија тоа е Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев. Тие се луѓето кои што се најдоговорни за нередот во државата“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека Македонија е единствената НАТО држава и кандидат за членка во ЕУ со 35 терористи. Зошто тие луѓе се обвинети за тероризам. Но дали тие луѓе требаа да се судат за тероризам.
– Не гледам причина зошто би го отворил тоа прашање, тоа што јас можам да го отворам е да овој судски процес исто како неколку други судски процеси кои во минатото создадоа судска пракса како што е „Сопот“, „Монструм“ и обвинителите да обвинуваат, а обвинетите да практично се бранат, затоа што ако мене ми го поставите прашањето како што доликува е тоа дали овие луѓе беа испровоцирани и емотивно изреагираа одговорот мој ќе биде да беа испровоцирани и емотивно изреагираа, дали влегоа во Парламентот, а не требаше мојот одговор е да, дали имаше насилство да и не го оправдувам насилството. И по стоти пат ќе го кажам тоа, но дали треба да одговараат за тероризам, одговорот е не“, нагласи Мицкоски.
– Зошто еве тие луѓе се помалку вредни од тие што беа обвинети за „Монструм“ каде што имаше жртви? Зошто се тие помалку вредни? За тоа што кога беше Зоран Заев опозиционер ги лажеше блиските на тие невини жртви дека тој знае дека не се тие обвинетите дека се други сторители“, рече Мицкоски.topтоп
Мицкоски за снимката каде што се наведува ликвидација на премиерот посочи дека тој може да пушти најмалку 20 такви снимки и за негова ликвидација и ликвидација на неговото семејство.
– Јас можам да ви пуштам саат време да слушате луѓе кои што се гоштеваат со мојата глава, со телата на моето семејство. И тоа ли треба сега да го зборуваме? Тоа треба да го пуштаме преку наши блиски портали, со тоа ли треба да ја забавуваме македонската јавност, кога на дневно ниво ни умираат од 30 до 50 луѓе, истакна Мицкоски.