Мицкоски со Кампоменоси разговараа за продлабочување на односите помеѓу двете партии и држави, а по што истакна и дека Македонија сакајќи напредок мора да остане на евроинтеграцискиот пат.
-На средбата Мицкоски истакна дека критериумите за отпочнување на преговорите со ЕУ се исполнети уште во 2009 година, а она што е ново за жал е спорот со Бугарија, кој се појави во време кога Зоран Заев е премиер, кој пак тврдеше дека ги затворил сите отворени прашања, а еве гледаме денес за жал токму тој спор претставува непреминлива пречка. И покрај тоа што Македонија има сериозни проблеми со растечкото ниво на корупција, сиромаштијата, и недостатокот на реформи во образованието и здравството, кои што беа главни ветувања на Заев и не ги оствари, сепак сме во Брисел за да побараме одблокирање на Македонија, истакна Мицкоски на средбата, се наведува во соопштението од партијата.
Тој кажа и дека владата наместо да троши време на самосожалување и политика на неоправдано умилкување кон источниот сосед потребно е да се искористат сите конекции и сериозни познанства со Брисел за одлобкирање на европскиот пат на Македонија.
На планот на продлабочување на односите помеѓу двете партии, претседателот Мицкоски го покани претседателот на Лега, Матео Салвини, да ја посети Македонија и со чест и задоволство би биле домаќини на истиот.
Престојот продолжува со присуство на парламентарното собрание на Европската народна партија, од кое дел се сите центар десни партии во Европа, како ЦДУ на Ангела Меркел, ХДЗ од Хрватска, Народната партија од Шпанија, Модерати од Шведска и многу други партии.