На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантските дневници медицинскиот персонал го запишува и остатокот од некои вијали, вијала е пакување, дека е издаден даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекот, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористи лекот од вијалата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција говорејќи за како што посочи еден од двата фрапантни заклучоци во Извештајот од извршената вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во Клиниката за радиотерапија и онкологија.
„Преку пример, треба ад се аплицира лекот на пациент, вијалата е 100 единици, дозата која што треба да ја добие пациентот е 50 единици, тие 50 единици се аплицираат, но останатите 50 единици никој не знае, ниту имаат некаква трага каде завршуваат и дали некаде воопшто завршуваат. И ова е така со години правено, бидејќи нема никаква контрола. На тој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани. Овој документ што го имам е извештај од специјалист, односно субспецијалист, каде што во наодот вели дека на барање на пациентот терапијата ќе се аплицира во друга медицинска установа на онколошко одделение“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде „со други зборови, доаѓа пациентот кој што треба да добие терапија, на Клиниката во торбичка му ја даваат терапијата и потоа пациентот оди да ја аплицира таа терапија“.
„Вистинското прашање е дали имаме повратен одговор каде е аплицирана таа терапија и дали навистина таа терапија е аплицирана“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека исто така останува непозната дилемата дали самата Клиника имала интерна процедура или протокол за издавање на лекови согласно членот 8 од Законот за евиденции од областа на здравството имајќи предвид дека секои од овие лекови за да се пренесе од точка А до точка Б треба да има и соодветен термички третман.
„Во еден од договорите стои дека лекот не смее да биде во средина каде температурата ќе биде помала од 2 степени целзусови, поголема од 8 степени целзусови. Дали ова организиран шверц и дали е ова начинот на кој се испумпувани милиони од буџетот на грбот на граѓаните во Македонија? Понатаму зошто никој не го отвори прашањето која е цената по која украл односно универзитетската клиника за радиологија и Онкологија ги наплаќа своите услуги од фондот за здравство и која е цената која пациентите ја плаќаат за аплицирање на овие лекови во други здравствени установи, дали е тоа двојна наплата? Дали не сите граѓани имаат право на живот“, праша Мицкоски.