Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција на тема нов клинички рече дека министерот за здравство, Венко Филипче е за едно во право кога вели дека има разлика меѓу клиничкиот во Скопје и Белград.
„Во право е Филипче, користи баби и жаби, и тука морам да се согласам со него. Разликата е околу 400 милиони евра или толку е поевтин клиничкиот во соседна Србија, од клиничкиот кој Филипче и Заев планираат да го украдат од граѓаните“, кажа Мицкоски.
Тој објасни и дека разликата е во тоа што во Македонија нема проект туку физибилити студија за нов клинички од само 30 страни.
„Ова е проектот на Филипче од 30 страни, ова е физибилити студија. Во оваа студија на страна 9 во делот предложен капацитет на кревети стои дека ќе има 1.000 кревети и специфицирани се каде. И ако го споредите тоа со клиничкиот центар за кој има проект за клинички центар во Србија, ова овде е параван како да се покраде пола милијарда. Тоа додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволам. Ова е голема разлика. Проект од бабите и жабите од 400 илјади евра помалку. И разликата е што ние нема да го добиеме клиничкиот, а во Србија ќе го добијат најдоцна до септември. И да има разлика помеѓу влада која сака да работи и влада која сака да краде, или тие во Србија работат, а овие овде крадат“, вели Мицкоски.